Search

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е Артан Груби што е свесен дека ќе лежи затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Артан Груби 

Добро е Артан Груби што е свесен дека ќе лежи затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната.

Груби лаже и затоа растура пердуви.

Кога не би лажел требаше да одговори:

Зошто прифатиле да се суспендира континенталното право и за „Бехтел и Енка” да важи англосаксонско право?

Зошто дивоградбите и легалните објекти ќе се легализираат по исти цени?

Зошто сите грешки од проектирањето на „Бехтел и Енка” ќе ги плаќа државата т.е. граѓаните?

Дали Груби и Ковачевски од свој џеб ќе прифатат да ги платат пеналите за обврската која ја преземале за зголемување на часовите на работна недела?

Треба да знаете
Последни објави