Уапсените за исчезнувањето на внукот на Бошкоски фатени со телефони во затворот во „Шутка“

Двајцата уапсени за исчезнувањето на Самоил Костадиновски, 26-годишно момче кое е внук на Љубе Бошкоски, успеале да стигнат до телефонски уреди во затворот „Скопје“ во Шутка. Затворската полиција при претрес, ги нашла уредите и ги одзела.

Неофицијално, „Макфакс“ дознава дека податоците од овие уреди довеле до акцијата во која беше уапсена нарко група, а се реализираше од МВР на почетокот од месецот. Засега непознато е дали има и траги кои ќе доведат до исчезнатиот Костадиновски. Директорот на затворот, Филип Андов, во интервју за „Макфакс“ потврди дека се најдени уреди во нивните ќелии во притворското одделение.

„Има пронајдено два телефони, кои што се дадени на судот за понатамошна обработка. Понатамошната обработка е нивна, ние го известуваме судот, судот ги повлекува“, вели Андов.

Треба да знаете
Последни објави