Search

Џорџ Клуни откри кои познати актери одбиле улога во „Единаесеттемина на Оушн“

На фестивалот на филмски класици „Ти-си-ем класикс“, Џорџ Клуни се присети на моменти од снимањето на „Единаестмината на Оушн“ во 2001 година и говореше за тоа што се случувало тогаш.

Имено, се работи за филм кој става многу на коцка поради актерската екипа со силни холивудски имиња како Бред Пит, Мет Дејмон, Џулија Робертс, Дон Чидл и самиот Клуни.

Клуни објасни дека во тоа време многумина сакале да работат со режисерот оскаровец Стивен Содерберг.

„Стивен штотуку ги направи ‘Ерин Брокович’ и ‘Сообраќај’, и тој беше номиниран за режија на двата филма. Луѓето навистина сакаа да работат со Стивен“, рече Клуни во текот на филмскиот фестивал (TCM Classic Film Festival) во Холивуд.

„Сепак, имаше луѓе кои ни рекоа не. Навистина. Некои многу познати актери не одбија. Марк Волберг, Џони Деп, меѓу другите. Сега се каат за тоа. Жалам што го направив проклетиот Бетмен,” се пошегува тој.

Клуни раскажа и како успеал да ја заинтересира својата добра пријателка Џулија Робертс за улога во филмот.

„На Џулија ѝ го испративме сценариото и порака во која пишуваше „Слушнав дека сега добиваш 20 милиони долари за филм“. И испративме банкнота од 20 долари… Тоа ја насмеа и, да, ја прифати улогата.“

„Ризикот на крајот се исплатеше бидејќи филмот стана голем хит, со заработка од 450 милиони долари на светските киноблагајни, а потоа доби две продолженија и спин-оф со целосно женски тим, предводен од Сандра Булок како сестрата на Дени, Оушн.

Треба да знаете
Последни објави