Search

Покетино седнува на клупата на Челзи

Челзи е блиску до договор со Маурисио Покетино. Поранешниот менаџер на Тотенхем, кој е без работа откако минатото лето го напушти ПСЖ, се појави како прв кандидат за клупата на Стемфорд Бриџ, која како привремено решение ја грее Френк Лампард, откако Џулијан Нагелсман се повлече од трката на крајот на минатата недела.

Покетино имаше секојдневни разговори со сопствениците на Челзи пред неколку дена, а тие продолжија во понеделникот.

Англиските медиуми претпоставуваат дека наскоро би можела да дојде и потврдата на Аргентинецот како постојан наследник на Греам Потер. Сепак, не е јасно дали Покетино ќе ја започне работата веднаш или на лето.

Според експертот за трансфери Фабрицио Романо, Челзи нема да чека лето за да промовира нов тренер.

Имено, информиран италијански новинар пренесува дека Покетино им рекол на своите помошници да се подготват за работа.

Треба да знаете
Последни објави