Search

Видеото покажало: Убиениот криминалец во загребски „Риц“ имал пиштол во рака кога бил застрелан од обезбедувачот

Прво еден, па два, а кога падна уште два. Вака изгледала серијата фатални истрели во саботата околу 5 часот кога Кристијан Кнего (37), обезбедувањето на загребскиот клуб „Риц“, пукаше со пиштол во познатиот хрватски криминалец Томислав Сабља (41), обвинетиот на УСКОК од акцијата „Тебра”.

Пиштолот со кој бил убиен од неговиот „пасат“ му го донел Доријан Мраковиќ (26), суспендиран полицаец кој на црно работел какообезбедување во клубот и кој по неколкучасовно „талкање“ низ градот дошол во полициска станица и се предал. Го донел и пиштолот со кој бил убиен Сабљо.

Според Јутарњи лист, Сабља имал пиштол во раката кога бил убиен од Кнего. Сепак, полицијата успеа да го реконструира убиството само врз основа на внимателно испитување на видео снимката, бидејќи речиси сите сведоци всушност избегнуваа да зборуваат за самото пукање, иако снимката покажа дека најмалку 7-8 луѓе биле вклучени во гужвата која му претходела на убиството.

Новинари на Јутарњи лист накратко го прегледале видеото кое „Риц“ ѝ го предале на полицијата и од кое е очигледно дека Сабљо најпрво се судрил со еден од гостите, кој го познава цел живот. Но, Сабљо бил непресметлив таа вечер, сите се согласуваат. Сабљо ненадејно му ја ставил цевката од пиштолот во стомакот на својот пријател Ј.Ј., познат како Јума, инаку бодибилдер, кого прво го поздравил и прегрнал.

-Почна да кажува нешто неразбирливо како „добил кој што заслужил… Ќе добиете и вие“, а во еден момент ми ја заглави цевката од пиштолот во стомакот. Го прашав кој ти е к…ц, а тој продолжи да мрмори нешто. Тогаш еден помлад дечко втрча и почна да ми се извинува велејќи „сите се пијани“, па се разделивме. Набрзо, сепак, слушнав истрели и потоа сите почнаа да бегаат – изјавил Јума на полицијата.

Според тоа видео, Сабљо извадил пиштол кој некако го внел во клубот и со него му се заканил на Јума. Меѓутоа, неколку негови пријатели, меѓу кои и Горан Видовиќ, исто така обвинет во „Тебра” ја смириле ситуацијата и Сабљо му го дал пиштол на Видовиќ, кој го ставил во задниот џеб од фармерките. Меѓутоа, конфликт поради некоја причина повторно ескалирал, а Сабљо барал од Видовиќ да му го врати пиштолот, обидувајќи се сам да го одземе. Потоа Видовиќ го зема пиштолот на Сабља и гму о враќа на Сабља, но штом го добил пиштолот (што е тешко да се види поради кадрите на видеото), Кнего пука во Сабља.

Треба да знаете
Последни објави