Search

Бајдевски: Со изградбата на коридорите 8 и 10-д ќе се овозможи забрзување и на дигиталната трансформација на општеството 

Почитуван заменик за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, периодов во јавноста се слушаат поделени ставови околу изградбата на коридорите 8 и 10. Покрај тоа што граѓаните ќе возат по нови патишта, има ли и други придобивки, што можеби на прв поглед не се гледаат?

Со изградбата на коридорите, од страна на државата ќе сесоздадат услови за побрзо и поевтино поставување наоптички кабли по целата нивна должина. Ова ќе значи дека поставените оптички кабли ќе може да се искористат, како од аспект на дигитална трансформација на општеството,така и за усогласување со ЕУ таргетите за покривање со 5Г сигнал на патните коридори. Со 5Г кабелот ќе се овозможи поврзување на јавните институции вели за 24 инфо Александар Бајдевски.

Оптичкиот кабел кој што содржи оптички влакна, државата,согласно Националниот оперативен бродбенд план 2019-2029, истите ќе ги користи за поврзување на јавните институции, особено на училиштата во руралните средини.Преку дел од слободните оптички влакна, во руралните средини каде што нема нивна инфраструктура (бели зони), телекомуникациските оператори ќе можат да обезбедуваатпристап до ултра-брз интернет за потребите на домаќинствата и приватниот сектор по поволни цени.

Сето ова ќе придонесе за намалување на дигиталниот јаз, кој реално постои помеѓу урбаните и руралните средини во државата, односно граѓаните ќе можат преку пристапот до интернет да ги користат и Владините електронски услуги без потребата до доаѓаат до поголемите градови во државата.

Согласно Националниот оперативен бродбенд план, кој е стратешки документ на државата и кој што е усогласен со ЕУ таргетите за покривање со 5Г сигнал, дел од претходно споменатите слободни оптички влакна ќе може да се даваат на користење на операторите за поставување на 5Г базни станици по целата должина на коридорите. Ова претставуваосновен чекор за воведување на автономен транспорт, надзор на сообраќај, поголема ефикасност и економски раститн. во државата.

Сето ова значи дека сме цврсто решени да ги користиме предностите на ИКТ индустријата за создавање напредно информатичко општество, а со тоа да се зголеми продуктивноста, ефикасноста и иновациите во јавниот и приватниот сектор.

Постојано слушаме за процесот на дигитализација и трансформација на државата, но што тоа навистина значи?

МИОА подготви Нацрт национална ИКТ Стратегија на Република Северна Македонија 2023-2027 година која е објавена на ЕНЕР кон крајот на 2022 година и за која беше одржана јавна расправа. Целта е да го достигнеме просекот на ЕУ земјите во однос на развојот на дигитално општество и економија, водејќи се од стратешките определби на Дигиталниот компас на Европската Унија во оваа дигитална декада.

Обезбедено е учество во програмата и организацијата Дигитална Европа, која претставува многу важна програма финансирана од ЕУ, затоа што се фокусира на доближување на дигиталната технологија до бизнисите, граѓаните и јавната администрација, го забрзува економското закрепнување и ја обликува дигиталната трансформација на европското општество и економија.

Системот за Централен регистар на население го проширивме со функционалности кои овозможуваат брза интеграција со системот на Државната изборна комисија. Ова е првиот ИСО 27001 сертифициран систем во министерството. Важноста на системот ја препознаа и меѓународните организации СИГМА и РеСПА кои минатата година доделија Специјална награда – признание за Овозможувач за дигитална трансформација и зголемена пристапност до податоците. Системот успешно работи 3 години а до сега се споделени податоци за околу 14.300.000 граѓани.

Колку сето тоа е применливо во пракса, колку навистина се користи?

Националниот портал за електронски услуги активно се користи од граѓаните и од бизнисите. Регистрирани корисници на порталот има 88 634, а вкупно објавени услуги на Порталот се а 917 од кои 690 се услуги од информативен карактер. 

Зголемен е бројот на дигитални услуги на Националната платформа за услуги и истиот достигна 227, за 88 e-услугиможе да се аплицира директно преку Националниот портал Uslugi.gov.mk, а за 139 е-услуги може да се аплицира на надворешни информациски системи на институциите. 

За прв пат е обезбедено комплетното конкурирање за програмите на Министерството за култура, да оди преку онлајн процес. Во 2022 г. развиени се вкупно 42 е-услуги, од кои 22 е-услуги на МВР и 20 е-услуги на Министерство за култура.

Платформата за интероперабилност ја користат и институциите и приватните компании. Можност за размена на податоци и информации имаат 52 институции вклучително и приватни компании. Преку платформата за интероперабилност во 2022 година направени се 2.728.504 трансакции. 

Во рамки на проектот ИПА 2017: Подобрување на еВлада, развиен е софтвер за дигитализација на регистри, кој ќе помогне во забрзување на процесот на дигитализација на регистрите од институциите. Паралелно, се работи на развој на 135 нови електронски услуги.

Преку хибридните напади од пред некој месец, видовме дека безбедноста во овој дел е навистина важна, што сèсе презема по однос на ова прашање?

Посветено работиме на развој на безбедноста во сајберпросторот, при што меѓу другото, одржани се 8 еднодневни обуки за сајбер безбедност на критичната инфраструктурата со поддршка на USAID-CIDR програмата.

Вклучувањето во проектот за формирање Центар за градење на капацитети за сајбер безбедност на Западен Балкан, кој ќе биде со седиште во Црна Гора е резултат на заедничка иницијатива меѓу Министерството за надворешни работи и за Европа на Република Франција и Министерство за надворешни работи на Словенија.  Писмото за намери за формирање Центар за градење на капацитети за сајбербезбедност на Западен Балкан е потпишано во Подгорица, во средината на ноември 2022 година, од страна на Франција, Црна Гора и Словенија.

Овие бројки се неоспорен факт за силниот стремеж за постојано зголемување на бројот на електронските услуги во полза на граѓаните и развивањето на дигитализацијата воопшто.

Треба да знаете
Последни објави