Search

Експертите за уставни измени не побарале надомест за својот ангажман пред стартот во работната група најавен за неделава

Работната група за уставни измени која треба да го подготви текстот на амандманите најветојатно ќе почне со работа в среда. Од 23 члена десетмина се експерти, десетмина се назначени од партиите, а тројца од институциите. На првата средба телото треба да се конституира, да избере претседател и заменик и да утврди методологија за работа. Од Министерството за правда велат дека до сега ниту еден од нив не побарал надомест за оваа работа.

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува во работната група затоа што смета дека уставни измени не треба да се прават под притисок. Сепак, од партијата го критикуваа постојниот состав тврдејќи дека во телото членуваат луѓе кои се роднински поврзани или на друг начин блиски до СДСМ и ДУИ.

Предлагач на уставните измени пред Собранието ќе биде Владата, откако ќе го добие текстот на амандманите од Работната група. Потоа, како што најави вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, ќе биде отворена широка јавна расправа која би требало да почне кон крајот на мај или во почетокот на јуни.

Инаку, за отварање на Уставот неопходно е во Собранието да гласаат најмалку 80 пратеници, мнозинство кое сега владејачката коалиција се чини дека го нема.

Треба да знаете
Последни објави