Search

Јунајтед преку пенали стигна до финале од ФА Купот каде го чека битка за трофејот со градскиот ривал Сити

Манчестер јунајтед со подобро изведување на пенали (7:6) го совлада Брајтон и се пласира во финалето на англискиот фудбалски ФА Куп. По 120 минути игра, од регуларниот дел и продолженијата, средбата заврши без постигнат гол (0:0). Во финалето за трофејот ќе се сретнат градските ривали од Мначестер, Јунајтед и Сити, кој синоќа убедливо со 3:0 го совлада Шефилд јунајтед.

Трагичар во пенал рулетот кај тимот на Брајтон беше Џеси Марч кој единствен промаши од белата точка и тоа во седмата серија. Двете екипи беа перфектни во шест серии, а во седмата Брајтон промаши, Јунајтед даде гол и обезбеди финале.

Треба да знаете
Последни објави