Search

(Видео) Миовски го матира и Глазгов Ренџерс

Шкотскиот Абердин за кого настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски реди победи, а во таа низа денеска се најде и Глазгов Ренџерс кого го совладаа убедливо со 2:0.

Мијовски со удар со глава беше стрелец на вториот гол за Абердин. Се играше 56 минута кога по центаршутот на Кларсон, македонскиот напаѓач „летна“ во вистинско време и со глава го матираше МекГрегор.

За Абердин ова беше седма победа во низа со што стаса до 53 бода е е на третата позиција на табелата.

Треба да знаете
Последни објави