Search

Брнабиќ: Избори во контејнери под надзор на вооружени силе е Европа во 21 век !

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ порача дека денеска со изборите на северот на Косово е легализирано и легитимизирано последното европско гето.

На својот Твитер профил таа наведе дека фотографиите од северот на Косово, кои ги објави, „навистина го прикажуваат „владеењето на правото“ и вистинското значење на „демократските избори“ на Косово и Метохија, кои се поддржани од ЕУ и Квинта“.

„Одржување избори во привремени контејнери под директен надзор на вооружените сили. Избори – слободни и фер, со вооружени сили и оклопни возила. Ова е Европа во 21 век“, им порача таа на Европската унија и на американскиот амбасадор и мисијата на ОБСЕ во Приштина.

Треба да знаете
Последни објави