Search

Барселона го доби дербито со Атлетико и се доближи уште еден чекор до титулата

Барселона го доби дербито во 30. коло од шпанската фудбалска Ла Лига на „Камп Ноу“ против Атлетико Мадрид (1:0) и направи уште еден чекоро поблиску до освојување на титулата. Барселона по 30 одиграни кола има 76 бодови, 11 повеќе од Реал Мадрид и 16 од Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид имаше голема шанса уште во првата минута, кога Антоан Гризман погоди пречка, а францускиот фудбалер се закани и во 35. минута, но Марк-Андре Тер Штеген беше на висина на задачата и ја зачува својата мрежа.

Феран Торес ги казни грешките на гостите од Мадрид, откако во 44. минута со прецизен удар го совлада Јан Облак. Овој шпогодок на крајот беше доволн за триумф на Барселона.

Треба да знаете
Последни објави