Чави го повика во првиот тим 15-годишниот Јамал- ќе конкурира за натпреварот против Атлетико

Барселона во недела ја очекува уште еден важен тест, по што со победа може да направи уште еден чекор во походот кон титулата национален шампион.

Атлетико Мадрид пристигнува на Камп Ноу, а увертирата на натпреварот ја одбележа потегот на Чави, кој го повика 15-годишниот Ламине Јамал во конкуренција на првиот тим.

На тој начин членот на славната Ла Масија ќе добие шанса да игра со „големите момчиња“ речиси повеќе од два и пол месеци пред неговиот 16-ти роденден (13 јули), што ќе го направи најмладиот играч во историјата на клубот кој конкурирал за натпревар.

Според Фабрицио Романо, Барселона веќе е во контакт со агентот на играчот Жорге Мендеш за договорот, а Јамал важи за еден од најдобрите шутери на нивната академија. Иако е роден во Шпанија, неговиот татко е Мароканец, додека неговата мајка е од Екваторијална Гвинеја.

-Тој има неверојатни вештини, може да одбележи клупска ера. Не се плашиме да го повикаме иако има 15 години, има и личност и талент, изјави Чави за левоногиот 15-годишник кој претежно игра на позицијата десно крило.

Треба да знаете
Последни објави