Search

Црвена Звезда е старо-нов шампион на Србија

Екипата на Црвена Звезда ја освои шесттата титула по ред во првенството на Србија, но веројатно оваа е најлесно остварената и најзначајната. Титулата на “црвено-белите“ од Белград им донесе директен пласман во групите на Лигата на шампионите за следната сезона, пред се поради одличниот клупски рејтинг на српското првенство.

Денес на Црвена Звезда доволно и беше само бод против ТСЦ, но тие забележаа и повеќе од убедлива победа од 4-1. Екипата од Бачка Топола поведе во 20-тата минута преку Џаковац, но следуваа три погодоци на Букари и еден на Канга за комплетен пресврт и нова титула на “Рајко Митиќ“.

Црвена Звезда на табелата има предност од неверојатни 23 поени пред ТСЦ и Чукарички и на шест кола пред крајот на првенството ја освои титулата. Во продолжение на првенството ќе следува голема борба за втората позиција, која исто така води во Лигата на шампионите, но во квалификациите.

Треба да знаете
Последни објави