Хајредини: Ако на мртвиот Енвер Хоџа му се поклонува во Тирана, Апасиев треба живиот енверист да го посети во Мала Речица

Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии и сегашен жесток критичар на актуелната владејачка гарнитура, сега има порака и до лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој неодабма беше на поклонение на гробот на Енвер Хоџа во Албанија.

Него го упатува на посета на, како што го нарекува, живиот енверист во Мала Речица.

„Ако на мртвиот Енвер Хоџа му се поклонува во Тирана, Апасиев треба живиот енверист да го посети во Мала Речица“, пишува на фејсбук Хајредини.

Неодамна Апасиев заедно со членови на Левица се поклони пред гробот на Енвер Хоџа, со објаснување дека тоа е од идеолошки причини, бидејќи и тој бил левичар како нив, а што предизвика жестоки реакции во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави