Search

Трипл дабл на Јокиќ во третата победа над Минесота, Атланта го намали водството на Бостон, победа на Њујорк

Денвер Нагетс, најдобриот тим во регуларниот дел од Западната конференција на НБА, поведоа со 3-0 против Минесота во првото коло од плеј-офот.

По двете домашни победи, Денвер победи на првото гостување, беше 120-111, а сега само една победа го дели Денвер од второто коло. Во израмнет меч, Денвер беше мал чекор пред својот ривал, во втората и четвртата четвртина, а повторно беше предводен од Никола Јокиќ, кој забележа „трипл-дабл“ учинок. Тој постигна 20 поени со 11 скока и 12 асистенции.

Џамал ​​Мареј овојпат не беше шутерски расположен како досега, постигна 18 поени, но додаде и шест скока и девет асистенции. Првиот стрелец на Денвер беше Мајкл Портер Јуниор. со 25 поени, а забележа и девет скока.

Кај Минесота, Ентони Едвардс повторно беше одличен со 36 поени, седум скока и пет асистенции, но и третиот пат беше премалку против Денвер. Карл-Ентони Таунс додаде 27 поени со седум скока.

Атланта го победи Бостон со 130-122 и ја намали негативата на 1-2. По првата четвртина добиена од Бостон со 37-33, во втората Атланта пред одморот го сврте резултатот на 74-67 и имаше предност до крајот на мечот.
Треј Јанг ја предводеше Атланта со 32 поени, а додаде и девет асистенции и шест скока. Дејонт Мареј, постигна 25 поени и имаше шест скока и пет асистенции, а од клупата Богдановиќ и Беј додадоа по 15 поени, по три тројки.

Кај Бостон Џејлен Браун постигна само 15 поени, додека кај гостите прво име беше Џејсон Тејтум со 29 поени, 10 скока и пет асистенции. Маркус Смарт постигна 24 поени со осум асистенции.

Њујорк пред своите гледачи го совлада Кливленд со 99-79 и со одбраната дојде до предност од 2-1 во серијата. Во првото полувреме Кливленд постигна само 32 поени што е најлошиот учинок во сезоната, а не беше многу подобар офанзивно во продолжението од натпреварот.
Во вториот дел од средбата Њујорк дојде до двоцифрена предност, која потоа дополнително ја зголеми. Прв стрелец на Њујорк беше Џејлен Бронсон, кој постигна 21 поен со шест асистенции и четири скока. Реџеј Барет додаде 19 со осум скока, а Џулиус Рендл додаде 11 со осум скока.

Кај Кливленд единствен добар играч беше Донован Мичел, кој постигна 22 поени со седум скока и пет асистенции, а целосно потфрли Дариус Гарланд со 10 поени и само 4-21 шут од поле.

Треба да знаете
Последни објави