Search

Торино го шокираше Лацио на „Олимпико“ и ја прекина низата на римјаните од осум натпревари без пораз

Лацио осум натпревари беше без пораз во Серија А, имаше серија од четири победи кои го однесоа на второто место во Серија А. Денеска серијата беше прекината, Торино по којзнае кој пат во ерата на Горан Јуриќ покажа колку е сериозен конкурент на најдобрите тимови во Италија.

Клучниот момент се случи во 43 минута кога Илиќ се реши да бие од голема далечина, удар при кој домашниот голман Проведел немаше добра интервенција и топката заврши во неговата мрежа.
Ова значи дека Лацио може да ја загуби втората позиција на табелата ако утре Јувентус слави над Наполи.

Треба да знаете
Последни објави