Search

Поднесено обвинение и продолжен притворот на „Тик Ток анестезиологот“

Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд во Тетово поднесе Обвинителен предлог против анестезиологот Ваљон Дервиши од тетовската болница, кој на Тик Ток ги снимал и пренесувал во живо колегите и пациентите. Тој се товари з несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1, како и Неовластено снимање според член 152 став 2 од Кривичниот законик.

-Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, велат од ОЈО.​

Треба да знаете
Последни објави