Search

Келнер фламбирал храна во ресторан во Мадрид, избувнал пожар во кој загинале двајца 

Двајца мажи загинаа, а 10 други се повредени во пожар во ресторан во шпанскиот главен град Мадрид, соопштија локалните служби за итни случаи.

Пожарот избувна во петокот доцна навечер во „Буро Канаља Бар&Ресто“, италијански ресторан во централниот кварт на Саламанка.

Очевидец изјавил за весникот Ел Паис дека пожарот избувнал откако келнерот го запалил садот, а пламенот ги зафатил таванот и ѕидовите.

Пожарот избувнал во близина на главниот излез, а гостите имале тешкотии да избегаат, соопшти службите за итни случаи.

Шпанската полиција ги истражува причините за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави