Search

Еден тешко, тројца лесно повредени во сообраќајката во која се преврте возило на Брза помош

Еден тешкои тројца лесно повредени е билансот од вчерашната сообраќајна несреќата кај „ЕУ инфо центар“, во која по судир со автомобил се преврте возила на брза помош од Куманово.

-Пријавено е дека во Скопје на крстосницата од бул.Климент Охридски и ул. Св.Кирил и Методиј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави