Search

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните живеат во сиромаштија зошто СДС, ДУИ и Левица освен што се утепуваат од крадење немаат ниту една инвестиција и реформа, а не во виртуелната бајка на СДС

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

Жално е да се гледа како СДС од некогаш сериозна партија прерасна во гранапче каде се раскажуваат бајки.

Баналните и аутистични прес конференции на СДС се зголемуваат правопрорционално со растот на мизеријата донесена од власта на СДС.

Во светлата и витруелна бајка на СДС се живее прекрасно благодарение на договорот со ФРОНТЕКС.

Во грдата и сурова реалност на народот, граѓаните живеат во сиромаштија зошто СДС и ДУИ поддржани од Левица освен тоа што се утепуваат од крадење, немаат ниту една инвестиција и ниту една реформа.

И додека ја натерале Богданка со сила да се воодушевува на договорот со ФРОНТЕКС, народот она што го мачи е инфлацијата и срушениот стандард. Го мачи и тоа што историскиот договор за Коридорот 8 се претвори во историски грабеж. Тоа што додека се празнат џебовите на народот, тој на Ковачевски се зголемува.

Треба да знаете
Последни објави