Search

ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави историска кражба, Ковачевски призна дека 70% од работниците на Коридорот 8 ќе се увезат од странство

Власта прави историска кражба, Ковачевски призна дека 70% од работниците на Коридорот 8 ќе се увезат од странство.

Работниците кои ќе се увезат од странство, ќе можат да работат во Македонија без работни дозвола и без дозволи за престој.

Ковачевски и Груби сами се вплеткаа во сопствените лаги, и полека вистината излегува на виделина.

Наместо повеќе пари за македонските работници и компании, парите ќе се одлеваат за работници од странство, тоа историска кражба во вредност од милиони.

Ковачевски и Груби го кријат договорот, затоа што се што потпишале е спротивно од тоа што тие тврдеа. Наместо 51% македонски работници, како што велеа Ковачевски и Груби, ќе имаме 70% странски работници.

Ковачевски и Груби прифатиле и во случај на спор, да не важи македонското право, туку правото на Англија и Велс.

Ковачевски и Груби потпишале договор, за чие исполнување е потребно да се изменат цела низа на закони, а тие преземале обврски како измената на истите да не е никаков проблем.

Власта да не го крие договорот. Граѓаните од чии пари преку буџетот ќе се плаќа изградбата на Коридорот 8 мора да знаат што плаќаат, колку и зошто.

Треба да знаете
Последни објави