Возило на брза помош се преврте по судир со автомобил кај зградата на ЕУ

Возило на брза помош со кумановски регистарски таблички се преврте ноќеска во центарот на Скопје, на крстосницата од булеварите Водњанска и Св. Кирил Методиј во неспоредна близина на зградата на Европска Унија и Тутунска Банка, пишува Скопје инфо,

Возилото на брза помош најпрво се судрило со друго возило, по што се превртело.

Неофицијално, станува збор за возило кое превезувало пациент од Куманово и кое имало предност во сообраќајот. Од силниот и директен удар, возилото се превртело три пати.

Од МВР најавуваат информации за несреќата во текот на денот.

Треба да знаете
Последни објави