Скопјанец со „матиз“загина во судир со „ибица“ управувана од тинејџер, четворица повредени

На 20.04.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на регионален пат  во атар на село Ќојлија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „сеат ибица“””, управуван од Б.Х.(19) од Ќојлија, и автомобил „даеву матиз“ што го управувал Х.Р.(60) од с.Долно Коњари.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Р. кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” каде починал, а смрт била констатирана од страна на лекар.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Х. и сопатник од возилото “даеву матиз” Љ.Г.(63) од Скопје, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски”.

Со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од возилото “сеат ибица” А.Д.(22) и И.Д.(24) двајцата од Скопје констатирани во Комлексот клиники “Мајка Тереза”.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави