Пожар во прилепската текстилна фабрика „Тила“

Околу 13 часот денеска избувнал пожар на покривната конструкција од текстилната фабрика „Тила“ во Прилеп. Од пламените јазици зафатени се покривот на фабриката и сончевите колектори. Пожарникари со противпожарни возила од ППЕ Прилеп повеќе часови се бореа да го локализираат пожарот. 

Според првичните сознанија, за време на избувнувањето на пожарот во фабриката немало никој. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Фабриката „Тила“ произведува конфекција за деца.

Треба да знаете
Последни објави