Моторџија се судри со трактор кај Муртино

На 20.04.2023 во 18.45 часот било пријавено дека на крстосницата од локалниот пат с.Муртино-с.Моноспитово-с.Бориево се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор “имт 539” без регистарски таблици, управуван од З.С.(56) од с.Муртино, и моторцикл “хамачи” без регистарски таблици, управуван од З.Ј.(40) од с.Муртино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.  

Треба да знаете
Последни објави