Специјалци правеле рација во„Идризово“, двајца затвореници завршиле во болница

Двајца затвореници од затворот „Идризово“ побарале болнички третман по претресите со асистенција на специјалци од МВР, дознава „Макфакс“.

Неофицијално, се жалеле на повреди и со Брза помош, изутринава, се однесени во болница. По третманот од дежурните доктори во Клинички центар, биле вратени во затворот.

Според извори на „Макфакс“ од затворот, двајцата затвореници кои барале болнички третман, до вчера попладнето биле сместени во полуотворениот дел на затворот, односно новоизградениот дел. По претресите, а поради нивното однесување, биле префрлени во затворениот дел од затворот.

Исходот од претресите засега не се соопштува во јавност, иако тие се завршени вчеравечер. Беа направени од затворската полиција, со асистенција на МВР.

Претходно, специјалците ги блокираа сите влезови и излези од одделението, а беа поставени и блокатори за сигнал.

Ваквата акција доаѓа откако беа запалени четири автомобили на вработени, во рок од шест месеци. Меѓу последните случаи, беше и запалениот автомобил на заменик-директорот на „Идризово“.

Треба да знаете
Последни објави