Крагуевчанка преживеала пад од 16 кат, лекарите се борат да ја спасат

Жена утрово падна од „солитер Ипсилон“, највисоката зграда во Крагуевац.

Засега не се познати околностите под кои жената паднала од зградата, но давала знаци на живот кога пристигнала екипа на Итна помош.

Истрагата за овој инцидент е во тек, а жената паднала од 16-ти кат. Екипата за итна помош го примила повикот утрово во 7:50 часот.

Жената паднала на настрешницата која е два метри над земјата. Со помош на пожарникари успеале да ја спуштат жената и да ја пренесат во Ургентниот центар. Жената не живеела во зградата.

Треба да знаете
Последни објави