Search

Стано: ЕУ нема да ги коментира изјавите пред новата рунда разговори закажана за 2 мај во Брисел

Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, соопшти дека ставот на ЕУ е да не ги коментира изјавите на претставниците на Србија и на Косово како и на специјалниот американски претставник Габриел Ескобар за претстојните разговори, закажани за 2 мај во Брисел, меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти околу формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).

-Ставот на високиот претставник на ЕУ и земјите-членки, како и на САД и другите меѓународни партнери, е дека Охридскиот договор мора да се спроведе, а особено дека имплементацијата на договорот е директно поврзана со напредокот и на Косово и Србија кон членство во ЕУ, изјави портпаролот на високиот европски претставник, Жозеп Борел.

Портпаролот на Борел рече дека „ЕУ е задоволна што ќе се одржи состанок на високо ниво за да се разгледаат начините за напредок и да се обезбеди спроведување на сите договори“.

-Од договорото во Охрид е јасно дека двете страни – претседателот Вучиќ и премиерот Курти – се обврзаа на тоа и овие заложби мора да се спроведат со конкретни дејствија, потенцира Стано.

Треба да знаете
Последни објави