Search

Рамо до рамо во Тетово, Брвеница и Јегуновце: Коридорите 8 и 10Д се економски и развоен импулс за државата

Теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа” денеска продолжуваат и во Тетово, Брвеница и Јегуновце.

Рамо до рамо со граѓаните на Тетово денеска беа членот на ИО на СДСМ Благој Бочварски, заедно со Ивона Кузмановиќ, кои се осврнаа на сработеното во изминатиот период и активностите што следат во наредниот период.

СДСМ реализира градежна офанзива  низ целата држава. Дополнително со изградба на Коридрите 8  и 10Д, започнува реализија на најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во вкупна должина од околу 110 километри, во вредност од 1,3 милијарди евра. Тоа обезбедува нов економски и развоен импулс за државата, придобивки за граѓаните и стопанството. Во овој регион ќе има современи автопати на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан, за подобро и побезбедно поврзувaње за граѓаните, подобри услови за стопанството, значителен поттик за трговијата и раст на инвестициите, истакна Бочварски пред граѓаните на Тетово.

Средби со граѓаните на Брвеница денеска остварија Викторија Мадиќ и Јовица Стојановиќ, на кои стана збор за политиките на СДСМ за враќање на парите на граѓаните, во чии рамки минималната плата е покачена од 8.900 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ на 20.175 денари, просечната плата и пензиите и покрај глобалната криза констинуирано растат, обезбедена е финансиска поддршка за најранливите.

Виктор Велевски и Боро Еркечов, со граѓаните на Јегуновце разговараа за важноста на полноправното членство во НАТО, како и за евроинтегративниот процес на државата. Тие пред присутните истакнаа дека безбедноста е гарантирана, што е од особено значење кога во Европа се води војна и нагласија дека СДСМ заедно со граѓаните ќе продолжи по европскиот пат, кој носи развој и напредок за државата, граѓаните, стопанството, нови, добро платени места за младите.

Треба да знаете
Последни објави