Search

Рамо до рамо во Аеродром: Случајот Парцели во Лисиче покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не се менува

Како дел од теренските активности претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски, заедно со претседателот на партиската комисија за транспорт и врски Митко Трајчулески беше рамо до рамо со граѓаните од населба Лисиче, општина Аеродром.

Централна тема беше новиот предлог Детален урбанистички план за оваа населба кој го турка градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и со кој намерата е бетонизација и нови згради во Лисиче наместо зеленило.

СДСМ е на страна на граѓаните од Лисиче и општина Аердором кои не сакаат бетонизација  и преку советничката група и јавно се спротивставува на намерите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тимчо Муцунски е ист како и Данела Арсовска. Едно пред изборите ветуваше, нови зеленила, бришење маркици на згради, паркови, дека ќе нема бетонизација. Седна во фотељата и спротивно од ветено работи, нема ништо направено за една година ама затоа одма се фати за нови згради, бетонизација и измена на ДУП. Еден проект нема реализирано но затоа има трошење народни пари за вработувања и обиди за задолжувања на општинита. ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски ги разочараа граѓаните на Аеродром и на цело Скопје. Ништо не се менува во оваа партија, едно зборат во кампања друго прават, секогаш за лични интереси, граѓаните ги забораваат. СДСМ е со вас граѓаните и преку советничката група ќе сториме се, овој штетен ДУП да не се донесе, да ја заштитиме животната средина и јавниот интерес, им порача Кичевски на присутните.

Треба да знаете
Последни објави