Search

Папата му дал на кралот Чарлс парчиња од крстот на кој бил распнат Исус

Крунисувањето на Чарлс трети ќе биде предводено со крст кој вклучува религиозни мошти кои папата Фрањо му ги подари на монархот. Крстот од Велс содржи две парчиња дрво за кои Ватикан верува дека се земени од крстот на кој се вели дека Исус Христос бил распнат пред 2.000 години.

„Тајмс“ објави дека и двете парчиња имаат облик на крстови, и се поставени во центарот на голем сребрен крст зад скапоцен камен од розов кристал, така што тие можат да се видат само одблизу.

Велшкиот крст ќе го благослови архиепископот Андреј Џон на миса во црквата Света Троица во Велс.

„Извонредно е што кралот успеа да ја придобие наклонетоста на Ватикан и како резултат на тоа папата Франциско се согласи да ги подари овие ситни парчиња од светиот крст“, рече надбискупот од Велс.

Треба да знаете
Последни објави