Search

Град Скопје работи на решавање на имотно-правните односи за пробивање на булеварот АСНОМ

Екипите на Град Скопје активно работат на расчистување на трасата од објекти за продолжување на булеварот АСНОМ низ Керамидница. На трасата за новиот булевар кој е продолжение на мостот,  се наоѓаат вкупно 285 имоти и објекти кои се експроприраат. Интензивно се работи на расчистување на имотно-правните односи за објектите во Керамдница кои се наоѓаат на трасата на пробивањето на булеварот во овој дел градот. Со изградбата на новиот мост Михајло Апостолски и пробивањето на булеварот АСНОМ низ Керамидница, се поврзуваат Општините Аеродром и Гази Баба.

Треба да знаете
Последни објави