Search

(Видео) Ракетата на Илон Маск експлодира неколку минути по лансирањето

Ракетата SpaceX Starship на милијардерот Илон Маск експлодира четири минути по лансирањето.а дела од ракетата летнаа кон небото, но наидоа на проблем кога Super Heavy Booster и Starship не успеаја да се разделат.

Во ракетата немаше човечки екипаж, ни сателити.

Маск минатиот месец тврдеше дека има 50 отсто шанси неговото летало да експлодира за време на лансирањето.

Станува збор за најголемата и најмоќна ракета во историјата на Starship. Ова беше втор обид да успех, откако лансирањето беше откажано во последен момент пред два дена.

Леталото од 120 метри е повисоко од Статуата на слободата и беше лансирано од базата Бока Чика на SpaceX во Тексас.

Треба да знаете
Последни објави