Тројца работници повредени при експлозија во погон на фабрика во кругот на Железара

Тројца работници се повредени во експлозија што се случила синоќа во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара во Скопје.

МВР соопшти случајот бил пријавен околу 00:20 часот. Во експлозијата се повредени Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, К.Ф.(29) од с.Мојанци, и Р.С.(33) од с.Долно Количани. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави