Општина Аеродром: Денешното соопштение на СДСМ е потврда за бизнис-тендерската матрица во која тие живеат

Општина Аеродром: Реакција на соопштение на СДСМ

Денешното соопштение на СДСМ уште еднаш го потврди сомнежот на јавноста, односно потврда за бизнис-тендерската матрица во која тие живеат. Луѓето кои во својата биографија имаат само коруптивни проекти, мислат дека сите политичари се како нив. 
Но, реалноста е далеку поразлична. Општина Аеродром ја води тим кои работи во согласност со законите и реализира проекти. 

Доколку ние бевме како Ковачевски и Богоев, денес немаше да има ниту еден реален проект  и инвестиција во Аеродром, напротив ќе носевме одлуки кои се единствено во интерес на одржување на фамилијарните релации и личното богатење. Тие се само одличен пример на политичари, кои критикуваат и ништо не работат, типичен пример за деструктивци кои се богатат на грбот на граѓаните. 
Но, граѓаните знаат и тоа е реалност. Општина Аеродром е првата општина која пренамени маркички од згради во паркови, општина каде интензивно се гради и инвестира, се реализираат проекти за хумана урбанизација. Ние работиме транспаретно и во интерес на граѓаните, факт кој СДСМ мора што поскоро да го прифати.

Треба да знаете
Последни објави