Search

Османи да си поднесе оставка, го прекрши уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи со шпанскиот министер

Османи да си поднесе оставка, го прекрши уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи со шпанскиот министер.

Согласно уставот, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик. Тоа е утврдено во амандманот 5 став 1. Во овој амандман ставот 1 јасно вели дека службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи е македонскиот јазик. Јазикот кој го говорат 20% од населението во Република Македонија е службен јазик во државата, но не и во меѓународните односи.

Уставот е дециден. Јасна е дистинкцијата која ја прави уставот, а тоа е дека единствен официјален јазик во меѓународните односи е македонскиот јазик.

Уставот е највисок правен акт во државата и тој може директно да се применува.

Османи треба да се извини и да си поднесе оставка.

Треба да знаете
Последни објави