Search

Жртвата на грчкиот европратеник: Во 2020 година го пријавив за силување и нанесување телесни повреди

Пред три години, на почетокот на 2020 година, поднесов пријава против конкретниот грчки европратеник за силување и нанесување телесни повреди, пишува на почетокот на објавата на Фејсбук, девојката жртва на актерот и европратеникот од СИРИЗА Алексис Георгулис, случај кој предизвика низа политички реакции во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Девојката, која е активна членка на ПАСОК- Движење на промена, откако нејзиното име, без согласност, беше објавено во грчките медиуми, сега јавно, преку Фејсбук излезе со став, објаснувајќи дека случајот го пријавила веднаш по инцидентот заедно со сите потребни информации, како што е медицински извештај и сл., а четири месеци подоцна, во мај 2020 година,откако, како што пишува, се чувствувала подготвена, на белгиските власти, им го доставила и името на насилникот.

Целиот случај беше откриен откако претседателката на Европскиот парламент, во понеделникот побара да започне процесот за одземање на имунитетот на европратеникот, по барањето упатено од белгиските власти, по што Георгулис беше исклучен од СИРИЗА.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас рече дека во прашањата поврзани со сексуално вознемирување и родовото насилство, нивниот став е јасен, тие се со жртвите, а не со насилниците.

Случајот со Георгулис предизвика политички реакции во Грција и обвинувања меѓу партиите, со оглед на тоа што, неофицијално, земјата веќе е влезена во предизборен период. 

Треба да знаете
Последни објави