Search

ВМРО-ДПМНЕ: Законите за Коридорите кои СДС и ДУИ сакаат на брза лента да ги изгласаат го дерогираат правото и  стимулираат незаконие

Законите за Коридорите кои СДС и ДУИ сакаат на брза лента да ги изгласаат го дерогираат правото и  стимулираат незаконие.

Со законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ се овозможува при изградбата на Коридорите да бидат обештетени и дивоградбите кои ќе се најдат на трасата.

Законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ овозможуваат буквално да бидат легализирани дивоградби кои сега ќе бидат изградени, само со цел потоа да бидат обештетени.

СДС и ДУИ стимулираат незаконие и овозможуваат расипничко трошење на народни пари во милионски износ.

Со секој обид за своите незаконитости да се правдаат со Бехтел и Енка само покажува колку всушност се заглавени во калта, па незнаејќи како да излезат вмешуваат странски фирми.

Самите СДС и ДУИ го минираат проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д. И СДС и ДУИ со својата нетранспарентност го загрозуваат јавниот интерес, а тој е највисок, и не може да има повисок интерес, бидејќи граѓаните се тие кои го плаќаат проектот, и тие треба да знаат како се трошат нивните пари.

Треба да знаете
Последни објави