Полицаец застрелал мигрант откако криумчар од Скопје се обидел да му го земе пиштолот

Денеска (19.04.2023) околу 06.20 часот кај Касарна Гевгелија од страна на полициски службеници биле забележани патничко моторно возило „мерцедес”,управувано од К. Ј. (26) и патничко моторно возило „форд фокус”, управувано од С.Б. (51), двајцата од Скопје, во кои илегално се превезувале мигранти.

Возилата биле запрени од страна на полициски службеници, по што возачите и мигрантите се обиделе да избегаат, а при тоа К.Ј. физички нападнал полициски службеник, обидувајќи се да му го одземе пиштолот.

Притоа, полицискиот службеник испукал од службениот пиштол и погодил еден од мигрантите, кој веднаш бил пренесен со полициско возило во објектот на Итна медицинска помош за укажување лекарска помош, каде починал.

К.Ј. и С.Б. се приведени, а притоа осум лица мигранти се фатени. Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за расчистување на случајот.

На лице место е извршен увид од ОЈО Гевгелија и по расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави