Скопјец со „мерцедес“ прегазил малолетник на мотор

Вчера, во 19 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата Индира Ганди и улицата Вашингтонска во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А. У. (55) од Скопје, и мотоцикл „априлија“, управуван од 17-годишник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

„Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави