Search

Фановите на Џек Николсон гневни поради објавените фотографии: оставете го на мир!

Фановите на актерската легенда Џек Николсон застанаа во негова одбрана откако беше забележан во својот дом за првпат 18 месеци по неговото повлекување од јавноста.

Бројни поддржувачи се огласија на социјалните мрежи за да го искажат својот бес кон британски таблоид кој објави папараци фотографии од холивудскиот ветеран, со критики за неговиот изглед.

Во јануари медиумите открија дека пријателите на Николсон се загрижени за неговата добросостојбата бидејќи не бил виден во јавноста повеќе од една година.

Во четвртокот (13 април), во еден британски портал осамнаа непријатни фотографии на Николсон (85), како стои на балконот од својот дом во Беверли Хилс облечен во портокалова маица и долни тренирки.

Фотографиите ги сподели „Дејли мејл онлајн“ на „Твитер“ со натпис: „Џек Николсон (85) изгледа разбушавено на балконот во Лос Анџелес каде што е виден за првпат по две години“.

Подмолните фотографии, како што ги нарекоа фановите, како и насловот на веста предизвикаа бурни реакции.

Поддржувачите на Николсон го нападнаа таблоидот нарекувајќи го „ѓубре публикација“ затоа што ги објавил фотографиите, а еден корисник реагираше со ироничен твит: „Денес во вестите: 85-годишен маж кој штотуку се разбудил, изгледа како 85-годишен маж кој штотуку се разбудил. Повеќе во 10 часот”.

Некои ги споредија папараците со мршојадци. „Не можам да поверувам дека некој мршојадец виси пред неговиот балкон.“

Следеа десетици твитови: „Се прашувам дали фотографот седел таму 18 месеци чекајќи ја совршената снимка“.

„Кога си Џек Николсон, 85, можеш да изгледаш како што сакаш.“

„Тој има 85 години. Зошто не го оставите Џек Николсон на мира?“ напиша друг поддржувач.

Николсон, кој некогаш беше главен на своето седиште покрај теренот за да го гледа омилениот кошаркарски тим „Лос Анџелес Лејкерс“, не е виден во јавноста повеќе од година и пол. Последен пат бил забележан на утакмица во октомври 2021 година со својот син Реј – еден од неговите пет деца.

Треба да знаете
Последни објави