Search

Спасовски од Бутел: И овој пат покажуваме дека сме рамо до рамо со граѓаните, рамо до рамо ќе биеме нови победи

Фејсбук статус на Оливер Спасовски

„Повторно сме таму каде што ни е местото, меѓу граѓаните, овој пат во Бутел на маалска средба, за да разговараме, да го слушнеме гласот за се она што е важно, да се потсетиме на досега сработеното.
▶️Од 2017 година досега минималната плата ја зголемивме за 11.375 денари.
Пред време го остваривме и ветувањето за просечна плата од 34.000 денари до крајот на мандатот, споредбено со просечната плата од 22.000 за време на режимот на ВМРО!
▶️Или, пак, просечната пензија ја зголемивме на 19.150 денари. Во време на режимот 100.000 пензионери земаа пензија под 10.000 денари!
Пензионерите, нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава заслужуваат мирна и достоинствена старост.
▶️И 12.000 лица стечајни работници се обештетени со месечен надоместок од 8.000 денари до пензионирањето!
И овој пат покажуваме дека сме рамо до рамо со граѓаните, рамо до рамо ќе биеме нови победи!

Треба да знаете
Последни објави