Search

Трагедија во Колумбија: Пет луѓе загинаа по удар на гром додека играле фудбал на ливада

Пет лица загинаа, а најмалку 15 се повредени по удар на гром во областа на градот Ел Тамбо, Колумбија.

Невремето се случило кога селаните од Лома Ларга играле фудбал на теренот. Во тој момент удрил гром, а властите биле изненадени од размерите на смртоносниот удар.

Три тела се пренесени во Одделот за судска медицина во главниот град Каука, а другите две се оставени во општинското седиште на Ел Тамбо.

Ова е втор случај со смртни последици по удар на гром. Пред помалку од една недела во одделот Каука, 17-годишно момче беше погодено од гром во близина на дрво. Тој починал на лице место заедно со своето куче кое го изнел на прошетка.

Треба да знаете
Последни објави