Search

Италијанската војска заплени рекордни два тони кокаин фрлени во морето кај Сицилија

Италијанската војска заплени рекордна количина на кокаин расфрлан во пакети кои плуталево морето море кај источниот брег на Сицилија.

Дрогата била специјално спакувана за да не навлезе вода во пакетите за да не потонат, а дрогата вредна околу 400 милиони евра била сместена во 70 пловечки пакувања со речиси два тона кокаин.

Ова е најголемата количина досега запленета на едно место во Италија. Се претпоставува дека е оставен на море од еден или повеќе товарни бродови за да го „подигнат купувачите“.

 

Треба да знаете
Последни објави