Search

Инцидент над Балтикот- британски „тајфуни“ пресретнаа руски воени авиони

Британските борбени авиони „Тајфун“ пресретнаа руски борбени авиони и шпионски авион што летаа блиску до воздушниот простор на НАТО, над Балтичкото Море.

Во пресретнувањето на трите руски авиони над Финскиот залив учествуваа пилоти на британското кралско воздухопловство – (РАФ) и германското воено воздухопловство.

РАФ соопшти дека еден од руските авиони бил идентификуван како извидувачки авион, кој летал од континентална Русија кон Калининград, во близина на Полска.

Таму го пречекале два руски борбени авиони, кои со него полетале на југ низ северозападниот дел на естонскиот воздушен простор. РАФ и германските тајфуни ги следеа руските авиони пред да ги предадат на шведските воздухопловни сили.

„Често гледаме руски воени авиони како летаат над Балтичкото Море, така што ова беше рутинско пресретнување за нас. И покрај тоа, важноста од пресретнувањето на овие авиони и нашата посветеност на колективната одбрана на воздушниот простор на НАТО остануваат непоколебливи и решителни“, соопшти РАФ.

Треба да знаете
Последни објави