Search

Финска почна да гради ограда на границата со Русија

Финска почна со изградба на ограда од бодликава жица долж границата со Русија за да ја намали илегалната миграција. Изградбата почна југоисточно од градот Иматра, кој брои околу 25.000 жители.

Финска има 1.340 километри граница со Русија.

Изградбата на оградата е иницијатива на граничната полиција, одобрена од владата на Сана Марин. Оградата ќе биде висока три метри, ќе биде од челик со бодликава жица.

Проектот ќе биде завршен во 2026 година и се очекува да чини 380 милиони евра. Ограда на крајот треба да покрие 200 километри во југоисточна Финска во близина на главните гранични премини со Русија, но ќе има и делови на северниот дел на Арктикот во Лапонија. 

Треба да знаете
Последни објави