Search

Двајца турски државјани фатени на Деве Баир со лажни зелени картони

На граничниот премин Деве Баир вчера биле фатени двајца државјани на Турција со фалсификувани зелени картони.

На 15.04.2023 во 07.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Д.А.(31) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта. Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка и против него била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Од Основен суд Крива Паланка на лицето му била изречена условна казна затвор од три месеци доколку во период од две години не изврши ново кривично дело.

На 15.04.2023 во 15.15 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода А.Т.(52) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта. Лицето било задржано во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави