Search

Берлускони го напушти одделот за интензивна нега, но останува во болница

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е преместен од одделот за интензивна нега на кој беше сместен од 5-ти април, но останува и натаму во болница, објави водечкиот италијански дневен весник Corriere della Sera.

Осумдесет ишестгодишниот медиумски магнат кој во познатата миланска болница „San Rafaele“ беше хоспитализиран поради белодробна инфекција и хронична леукемија, „преместен на одделот за редовно лекување“, објави весникот повикувајќи се на извори блиски на семејството Берлускони.

Поради неговата политичка долговечност и повторниот избор минатата 2022 година во Сенатот на италијанскиот парламент Силвио Берлускони го нарекуваат „бесмртниот“. Негова белодробна инфекција е поврзана со „хроничната миеломоноцитна леукемија од која боледува веќе извесно време“, соопштија пред десетина дена лекарите.

Берлускони, еден од најбогатите Италијанци чијашто сопственост деловниот магазин Forbes ја проценува на 6,4 милијарди евра, последните години неколкупати беше хоспитализиран.

Во март четири дена мина во истата миланска болница, една седмица пред повторно да биде хоспитализиран. Официјално се зборуваше за рутинските прегледи по тешката операција на срцето во 2016 година, кон крајот на 2020 година прележа тешка форма на ковидот и се лекуваше од воспаление на белите дробови, а минатата 2022 година беше хоспитализиран поради инфекција на уринарниот тракт. Меѓутоа, според извештаите, Берлускони веќе се лекувал поради овој кардиоваскуларен проблем.

Силвио Берлускони, кој во политиката влезе во 1994 година, беше премиер вкупно девет години. И покрај низата сексуални и правосудни афери кои го нарушија неговото реноме, сѐ уште ги ужива симпатиите на многу Италијанци. Сега ја води ја партијата Напред Италија (Forza Italia), која е дел од владејачката коалиција на крајно десната премиерка Џорџа Мелони.

Треба да знаете
Последни објави