Search

Почна 89-тото Светско првенство во снукер, О‘Саливен оди по историската осма титула

Денеска започна 89-тото Светско првенство во снукер, а 47-ма година по ред овој настан се одржува во „Крусибл“ театарот во Шефилд.

Актуелен шампион е англиската легенда и најпопуларен играч на сите времиња, Рони О‘Саливен, кој заедно со Стивен Хендри го дели првото место во модерната ера на снукерот со по седум трофеи.

„Ракетата“ веќе го почна својот меч од првото коло против Кинезот Панг, и води со 6-3. Првата рунда се игра во десет добиени фрејмови. Против Рони одат податоците дека само еднаш ја одбранил светската титула, и дека е во прилично лоша форма сезонава.

СП во снукер ќе трае до 1 мај, а победникот ќе освои и завидна парична награда од 500.000 фунти.

Треба да знаете
Последни објави