Search

Ѝ ја отсекол главата на мајка си и ја однел на таван- Детали за злосторството кај Пеќ

Не стивнува драмата за убиството кај Пеќ. Осомничениот У.Х, според полицијата, ја убил мајка си, по што одбил да даде изјава пред надлежните, пренесува албански „Лајми“.

Според медиумот, се очекува осомничениот да биде сослушан во присуство на адвокат и психолог.

„Со форензичката екипа излеговме на местото на настанот, каде се собрани сите докази, а наредивме и обдукција на починатиот. Обезбедивме очевидци, а осомничениот не беше во можност да биде сослушан, па рочиштето го наредивме за утре во присуство на психолог и бранител. Ќе продолжиме и со истрагата. По сите околности ќе наредиме распит на осомничениот во Институтот за психијатрија“, рече обвинителот.

Медиумите прво објавија дека жената била обезглавена. Главата наводно и била на таванот, додека телото и било на еден од катовите во куќата.

На конфликтот наводно му претходела расправија, а се претпоставува дека бил обид да се разделат синот и снаата.

Во меѓувреме, портпаролот на косовската полиција за регионот на Пеќ, Дритон Ругова, го потврди убиството. Ругова изјави дека по добиеното известување излегле на лице место, додека лекарот констатирал смрт на жртвата. Од друга страна, познато е дека во критичниот момент имало и очевидци.

Како што објавија медиумите претходно, убиената е на возраст од околу 60 години.

Треба да знаете
Последни објави